Малиот принц
автор: Антоан де Сент-Егизипери
Кратки белешки за авторот:
Антоан де Сент-Егзипери (29 јуни 1900, Лион, Франција — 31 јули 1944) — бил француски писател, поет, воздухопловец и репортер. Тој е најпознат по романот „Малиот принц“ објавен во Њујорк во 1943 година, заедно со неговите лични цртежи, а во 1946 година бил објавен во Франција. Оваа книга напишана за „возрасните кои заборавиле дека некогаш биле деца“ набргу постигнала светски успех.
Домашна работа:
Учениците ја прават анализата дома во своите тетратки по лектира, секој индивидуално, додека на училиште дискутираат надополнувајќи се.
Во тетратките напишете го насловот на лектирата заедно со авторот, напишете поднаслов „Обработка на лектира“, препишете ги прашањата и одговорете ги. Одговорите не треба да бидат ни многу кратки ни премногу долги:
1.Како се вика главниот лик, по што е тој интересен во оваа приказна?
2. Напиши пет цитати од лектирата кои ти оставија најголем впечаток.
3. Кои се позитивните, а кои негативните ликови и зошто?
4. Која планета ти беше најинтересна?
5. Доколку би отишол/ла на некоја далечна планета, што би ги прашал/ла оние што таму би ги сретнал/а?
2. Напиши пет цитати од лектирата кои ти оставија најголем впечаток.
3. Кои се позитивните, а кои негативните ликови и зошто?
4. Која планета ти беше најинтересна?
5. Доколку би отишол/ла на некоја далечна планета, што би ги прашал/ла оние што таму би ги сретнал/а?
СИТЕ ученици, покрај прашањата, треба да ја прецртаат пајаковата мрежа (фото долу) во своите тетратки и одговорот да го запишат околу впишаните зборови (бидете креативни).
Интересни факти за книгата
Книгата е една од најинспиративните дела што се напишале и според неа се создени играни филмови, анимирани филмови и е најцитирана. Цртежите во делото коишто се дел од самата приказна, може да се сретнат како омилени илустрации на различни предмети.
Инсерти од истоимениот филм од 1974 година може да се погледнат на You Tube:
Инсерти од истоимениот филм од 1974 година може да се погледнат на You Tube:
Изработила: Марија Лозаноска, наставничка по македонски јазик