Што направивме од децата?
„Дрво стани, дрво седни.“ Симпатична изрека од наставниците уште од памтивек. Немаше ни место за лутење доколку некој ни речеше, заслужен бил коментарот, не сме знаеле ништо. Нè станал да одговараме, сме се бранеле со молчење. Оние поинтелигентите ќе сврзат муабет од неколку неважни модални зборови без да кажат ниеден податок. Ниту точен ниту неточен. Порано сме биле дрва, а сега што сме? И што направивме од децата? Дали обликувавме форми од нив или си останаа уште дрва недоделкани?
Денес не смееш да кажеш таква изрека кон учениците. Веднаш ги кршиш нивните права. И ние бевме деца, истите права важеле и за нас. Се плашевме од стапчето, од аголот на училницата, бевме и тегнети за уши, за „бакенбарди“, се изнаслушавме секакви навредливи реплики спакувани во народна поговорка.
Па, пак преживеавме, па пак се претворивме во луѓе.
Не е навреда ако го искараш ученикот, не носат бисери на училиште и нема да им паднат. Сè почесто ние наставниците сме поискарани од нив. Карани како деца, карани како наставници. Кога ќе ни дојде редот и ние да искараме? „Моето дете учи, моето дете не прави проблеми, моето дете е генијалец.“ - доста ми е од такви реплики. Чест на исклучоци, но родителот треба да дојде и да праша до каде е неговото дете со учењето. Дури и да е најдобро неговото дете, и за тоа треба да се увери. Не е крај на светот ако не е најдобар, можеби со помошта на родителот ќе го постигне тоа. Често сме сведоци како родителите не ги тераат да си ги напишат домашните работи и се цврсто убедени дека ние не им даваме такво нешто на нивните деца.
Ние децата само ги дошколуваме, коренот им излегува од домот, вие треба да го вадите дрвото што сте го посадиле.
И, што направивме од децата? Што ќе направиме со децата? Шчо напрајфме, просветници? Ние со нив поминуваме 40 минути или повеќе, но со родителите се цел живот и поголемиот дел од денот. Дали растеме генерација на слабаци? Оние кои не смееш да им подвикнеш, да ги „подудриш“, да им кажеш навредлива народна поговорка, оние кои еден ден нема да имаат спомени како нас, кои нема да имаат зрели трауми што секој возрасен треба да го помине. Не сум ги измислила јас старовремските методи кога „играл стапот“, тоа е јавна тајна. На истата дланка врз која ни го удираа стапчето ни пишуваа и петки. Тогаш знаевме кое што значи, сега децата се сите одлични без да знаат зошто. Но, истите ние со вцрвенетите дланки успеавме и сме многу подобри личности од оние што не смееме да ги воспитаме. Бидејќи ако пробаме, ние ќе бидеме виновни. Ни сме ги научиле ни сме во право. Страв ми е да помислам какви генерации ќе ги учат идните деца.
„Дрво стани, дрво седни.“ Без алат нема занат, а ние очигледно треба алатот да го смениме.

Марија Лозаноска,
наставник по македонски јазик
наставник по македонски јазик
Текстот е лично мислење на авторот и не е извадок од стручна литература.