Белешки за авторот:
Васил Иљоски е роден во Крушево, во 1902 година. Основното образование го завршил во градот Куманово. За тоа време тој му помагал на својот татко во нивната семејна столарска работилница. И покрај тоа што тој работел како занаетчија во раните години од животот, Васил не станал занаетчија. Тој продолжил со своето образование и се запишал во кумановската гимназија, а потоа се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје. По дипломирањето, Иљоски работел како суплент во кумановската гимназија, но набрзо бил преместен - повеќе од казна - поради извесни обиди низ книжевните текстови да проговори на македонски јазик.
По ослободувањето, Васил Иљоски извршувал неколку раководни функции во просветата: бил директор на Првата гимназија, работел во Народната библиотека, а потоа работел и се пензионирал како професор во Вишата педагошка академија во Скопје.
По Втората светска војна, Иљоски бил еден од членовите на комисијата формирана при Министерството за народна просвета со цел да ги подготват македонската азбука и правопис. Исто така, тој биле еден од основачите и првите членови на Друштвото на писателите на Македонија (13 февруари 1947 година) и на МАНУ.

Интересни факти за книгата:
Драмата била првата драма изведена на македонски јазик и првпат била одиграна во 1928 година на сцената на Скопскиот театар, на кумановски говор. Набргу била симната од репертоарот и забранета. Повторно, премиерно е прикажана на 15 декември 1936 година, овојпат под наслов „Ленче Кумановче“. До крајот на театарската сезона истата година, претставата била прикажана 12 пати и ја гледале 6.136 гледачи.
Самиот автор објаснува дека пиесата ја напишал за народот, за широките народни слоеви, со особено настојување на сите да им биде поблиска и разбирлива. Во неа ја прикажува борбата против надживеаните и штетни традиции, обичаи и општествени стеги, како и жртвувањето за народот, за општото добро и напредокот, трагиката на животните тешкотии, времето на социјалните судири и на економските кризи. Според Иљоски, народот сакал на сцената да види победа на вистината над лагата, на доброто над злото, победа на социјалната правда и човечноста.

Организација на часот:
Учениците ја прават анализата дома во своите тетратки по лектира, секој индивидуално, додека на училиште дискутираат надополнувајќи се.
СИТЕ ученици, покрај прашањата, треба да ја прецртаат ѕвездата заедно со полињата отстрана (фото долу) во своите тетратки по лектира и наместо прашањата - да го впишат нивниот одговор.

Прашања:
1. Кои се главните ликови во драмата? Со која пречка се сретнуваат?
2.Објасни ја најголемата разлика што ја воочи меѓу ликовите (статус, богатство, професија).
3.Кои македонски адети (обичаи) ги сретна во дејствието?
4.Раскажи една случка која ти остави најголем впечаток во книгата.
5.Дали и денес се сретнуваме со вакви поделби? Опиши низ примери.
Лектирата овојпат ќе се обработува само еден час, наместо два. Пред почетокот на часот, дежурниот ученик да ја нацрта ѕвездата (фото горе) на табла, но со празни полиња.