(Дејството се случува надвор, на беспросторно место. Навидум изгледа како парк со клупи. Девојчињата шетаат и едното се однесува неодговорно кон природата. Отстрана стои персонифицирана планетата Земја, но тие не ја гледаат. )
Девојче 1: Денес бев на училиште и добив укор.
Девојче 2: Зошто?
Девојче 1: Не сум ја избришала таблата, сум имала лушпи од сончоглед под клупата, сум истурила сок... Како само јас тоа да го правам! Цел клас тоа секој ден тоа го прави!
Девојче 2: Па, не знам, јас тоа не го правам...
Девојче 1: Е, како да не, не си го правела... Дежурните ученици зошто служат?
Девојче 2: Дежурните ученици не ни се слуги нам, туку имаат одредена должност во текот на неделата. Треба само да си бидеме поодговорни за своите постапки. Како што сакам јас да ја најдам клупата чиста од втора смена, така сакам и тие да ја најдам.
Девојче 1: Не ми се верува што слушам. Денес никој не се грижи за околината, зошто па јас тоа да би го правела? Еве, на пример, сега ќе си ги отворам семките што прееска си ги купив и ќе си ги јадам овде, така да знаеш!
(јаде на клупата и фрла пред себе.)
Земјата: Оф, оф леле!
Девојче 1: Ииии кој викна?
Девојче 2: Не знам, никого не слушнав јас.
Девојче 1: Нема врска... (Продолжува да јаде чудејќи се. Повторно гризнува, на тоа Земјата пак лелека.)
Земјата: Аууу, многу ме боли!
Девојче 1: (Станува.) Ама овде некој навистина вика!
Девојче 2: Ти си полудела, кој вика, што ти е?
Девојче 1: Сигурна сум дека некој викна. Можеби сум само жедна, ќе си се напијам од сокчето. (Го допива и го фрла шишето на земја.)
Земјата: Лелее! Девојче, зарем не гледаш дека ме боли? Ајде, соземи се малку и гледај што правиш!
Девојче 1: Кој вика, кој си ти?
(Меѓувреме другото девојче се чуди)
Земјата: Јас сум, планетата Земја. Зарем не слушаш цело време дека лелекам?
Девојче 1: Слушам, слушам, но не знаев кој е. А, што те боли, зошто викаш?
Земјата: Па, ти ме тепаш, затоа ме боли!
Девојче 1: Јас? Како не ти е срам!
Земјата: Тебе како не ти е срам! Фрлаш без никаков срам, ме удираш каде што најмногу ме боли со таа твоја нечистотија!
Девојче 1: Но, како...
Земјата: Е, така. Секогаш кога ќе фрлиш некое ѓубре, јас се разболувам. Посебно ми е тешко од нерастворливите материи. Почнувам да кашлам и правам страшни виулици, ме болат и очиве од тоа што го гледам и некогаш неконтролирано плачам, па врне многу дожд, некаде и поплави правам. Белите дробови, односно шумите, не ми се баш најдобро, и тешко дишам.
Девојче 1: Жал ми е...
Земјата: Зошто жал? Јас од тебе сум болен и од таквите како тебе. Ако јас сум болен и ти ќе бидеш таква. А, ако се грижиш за околината, јас ќе сум здрав, па и ти ќе бидеш таква. Сето тоа се врти во круг. Не ме растажувај, ајде подобри ми го денов.
(Девојче 1 е зачудена, Земјата си оди.)
Девојче 2: Со кого зборуваше?
Девојче 1: Со Земјата. Научив една голема лекција – не фрлај зад себе за да не најдеш пред себе. За ѓубре мислам. Во право беше и ти, отсега повеќе ќе внимавам на планетата Земја.

КРАЈ
Драмата е дел од приредбата за Денот на училиштето од ОУ „Христо Узунов“ - Другово. Темата на патронатот беше еколошка, за зачувување на околината, бидејќи токму денот на одржување беше Светскиот ден на планетата Земја. Ученичките кои глумеа во драмата беа воедно и водителки, па текстот кој го глумеа беше поврзан со текстот за најавување на останатите точки.