Автобиографија
автор: Григор Прличев
Кратки белешки за авторот:
Григор Прличев е роден на 18 јануари 1830/31 година во Охрид, а починал на 6 февруари 1893 година. Во 1850 година се запишал на Медицинскиот факултет во Атина што никогаш не го завршил, но тогаш за првпат дознал за конкурсот за поема. По 10 години се вратил во Атина, да ги продолжи студиите, а всушност да се пријави на конкурсот.
Тој ја имал идејата да направи општословенски јазик — комбинација од словенските јазици, кој ќе го користат сите Словени (словенски есперанто). За жал, таа идеја не била прифатена и реално била неизводлива. Разочаран, се повлекол во Солун каде ја напишал „Автобиографијата“. Во нашата литература ова е прво дело од ваков тип, напишано во проза. Последните години од својот живот ги поминал во родниот град, речиси сосема осамен и разочаран.

Домашна работа:
Во тетратките напишете го насловот на лектирата заедно со авторот, напишете поднаслов „Обработка на лектира“, препишете ги прашањата и одговорете ги. Одговорите не треба да бидат ни многу кратки ни премногу долги:
1.Кои се најважните податоци што треба да ги знаеме за авторот, по што е познат?
2. Опиши го расположението на неговото раскажување и зошто се чувствувал така.
3. Раскажи еден дел од книгата што ти остави најголем впечаток.
4.Која е разликата меѓу оваа книга и останатите што ги имаш прочитано? Образложи.
5.Доколку би напишал/а автобиографија во повозрасни години, кои твои успеси би сакал/а да ги има внатре?

Работа на часот:
ЅВЕЗДАТА од фотографијата ќе се обработува на часот и одговорите ќе се запишуваат тогаш. Дома само размислете ги одговорите, а дежурниот ученик има задолжение да го нацрта цртежот на табла, но без текстот затоа што во полињата ќе се впишуваат одговорите. Наставникот ќе ви подели наставни ливчиња за овој дел.
Подготвила: Марија Лозаноска, наставник по македонски јазик