„Бескрајна приказна“ од Михаил Енде
- кратка содржина -
Во романот „Бескрајна приказна" се работи за детето Бастијан Балтазар Букс кој е голем љубител на книги и кој случајно влегува во стара антикварница и краде книга. Тој почнува да ја чита книгата, влегува во неа и станува нејзин дел.
Започнува со тоа што Бастијан задишан влегува во антикварницата за книги и таму се наоѓа стариот г-дин Кореандер. Бастијан признава дека тој бега од лошите деца од неговото училиште бидејќи тие го тепаат и го задеваат дека е глупак. Потоа додека г-дин Кореандер занесено зборува на телефон, Бастијан краде книга и заминува на таванот во неговото училиште и почнува занесено да ја чита книгата со бакарни жици и две змии на корицата именувана „Бескрајна приказна".
Заплетот во овој роман е кога Бастијан дознава дека во земјата Фантазија се наоѓа Детската царица која е многу болна. Дошле многу лекари од целата Фантазија, но не успеале да ја излечат царицата и затоа Каирон, половина човек, половина коњ, предлага медалјонот Аурин да го предадат на ловецот Атреј и тој да оди во потрага и да го најде лекот за царицата. По возбудливите доживувања на Атреј (стаклената кула, распеаните дрва, мочуриштето на тагата) тој дознава дека лекот за да се спаси Детската Царица и земјата Фантазија од „ништото" е да се даде на царицата ново име од страна на дете од реалниот свет.
Додека Бастијан ја чита книгата и дознава дека тој самиот е детето кое треба да ја спаси царицата, се случува врвот на чувствата или кулминацијата. Тој одеднаш се наоѓа пред неа и ја нарекува Месечево Дете, а таа му го подарува Аурин за да му ги исполни сите желби.
Пресвртот е кога Бастијан насила го употребува мечот Сиканда и го повредува Атреј и се повлекува со Фухур кој е змеј на среќата.
Кога Атреј неочекувано го спасува Бастијан, се случува расплетот. Бастијан враќајќи се во својот свет се враќа дома и почнува да му раскажува на татко му за авантурите што ги доживеал.

Интересни факти:
Веднаш по објавувањето, книгата доживеала огромен успех и се продала во тираж од над милион примероци во Германија, а набрзо била преведна на околу 30 јазици. Според книгата бил снимен иистоимениот филм со најголемиот буџет во историјата. |
Каиорн, лекарот над лекарите, во книгата е прикажн како кентаур (митско суштество кое било половина човек, половина коњ), но во филмот е прикажан како обичен човек.
Во учебникот по Македонски јазик за деветто одделение, има извадок од книгата со моментот каде што Каирон ги собира сите лекари во голема сала за да најдат лек за Детската царица, а во продолжение е сцената од истоимениот филм направена според истиот собир.
Во анализата на часот, може да направите споредба на напишаното и изгледаното и да воочите сличности и разлики.
Оваа обработка може да се искористи како дополнителен материјал за часовите за научно-фантастични романи.