Правопис за буквата Ј
- од Правописот на македонскиот јазик -
1. Ј се пишува меѓу И и А:
пр. биологија, Македонија, организација
2. Кога во зборот ќе се најдат три самогласки една до друга, меѓу последните две се пишува Ј:
пр. умееја, пиеја, стоеја
3. Се пишува во формите на заповеден начин:
пр. пеј-пејте, освој-освојте
4. Кај именките изведени од глаголи со наставката -јач:
пр. скијач, пејач, сејач
5. Во наставката на глаголскиот прилог -јќи:
пр. играјќи, пишувајќи, броејќи
6. Ј се пишува во еднина кај некои зборови:
пр. мој, твој, свој, некој, никој, секој
Кај овие зборови, множинската форма е со И , а не со Ј:
пр. мои, твои, свои, некои, секои
7. Ј не се пишува меѓу две самогласки од кои втората е Е или И:
пр. твое, бои, стои, свои

Марија Лозаноска, лекторка по македонски јазик