Белешки за авторот:
Чарлс Дикенс (7 февруари 1812 - 9 јуни 1870), англиски писател, типичен претставник на реализмот во литературата. Писателите и уметниците настојувале да дадат што поверодостојна слика за животот. Во Франција реализмот во литературата бил претставен од страна на извонредни писатели како Оноре де Балзак и Гистав Флобер. Во Русија, но и во светот голема слава ќе достигне Лав Толстој, а во Велика Британија се појавил Чарлс Дикенс.Чарлс Дикенс бил извонреден познавач и хроничар на најсиромашните слоеви и борец против општествените неправди. Негови најпознати дела се романите „Оливер Твист“, „Давид Коперфилд“, „Николас Никлби“, „Големите очекувања“, „Мрачна куќа“ и „Малечката Дорис“ и други романи. Англискиот писател Чарлс Дикенс (1812-1870) е еден од најпознатите романсиери во светот. Во своите романи создал низа ликови со кои читателите се соживуваат и предизвикуваат сочуство кај нив. Тоа се ликови кои живеат бедно, понижено и обесправено и за нив како никој во општеството да не води грижа.Чарлс Дикенс бил исто така и новинар кој некои од своите дела ги објавувал во весниците како што го објавил и романот „Запис“.
Организација на часот:
Учениците ја прават анализата дома во своите тетратки по лектира, секој индивидуално, додека на училиште дискутираат надополнувајќи се. СИТЕ ученици, покрај прашањата, треба да ја прецртаат ѕвездата заедно со полињата отстрана (фото долу) во своите тетратки по лектира и наместо прашањата - да го впишат нивниот одговор. Може да се нацрта и цртеж инспириран од темата во лектирата. |
Прашања:
1. Опиши го Оливер Твист (физички и карактерни особини). Кој е тој? Која е неговата потресна приказна? Зошто е тоа најтажното дете во литературата?
2.Во какви услови живеел Оливер во сиропиталиштето? Раскажи ја случката кога побарал уште една чинија каша.
3.Кој му помага на сирачето? Какви добрини тој господин му направил?
4. Објасни како Оливер пронашол дел од своето семејтво.
2.Во какви услови живеел Оливер во сиропиталиштето? Раскажи ја случката кога побарал уште една чинија каша.
3.Кој му помага на сирачето? Какви добрини тој господин му направил?
4. Објасни како Оливер пронашол дел од своето семејтво.
Лектирата овојпат ќе се обработува само еден час, наместо два. Пред почетокот на часот, дежурниот ученик да ја нацрта ѕвездата (фото горе) на табла, но со празни полиња.