Забелешка: За учениците кои не ја нашле лектирата,
може да ја прочитате целата приказна тука.
Белешки за авторот:
Марко Костов Цепенков (Прилеп, 7 ноември 1829 - Софија, 29 декември 1920) е најголем собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македонците. Тој е автор на неколку публикации напишани на македонски јазик.
Роден е во Прилеп во сиромашно семејство, кое води потекло од прилепското село Ореовец. Заради тешката материјална состојба, основно образование учел само една година, а потоа продолжил да го учи терзискиот занает. Во периодот 1856-1857 почнал да собира народни умотворби, поттикнат од, како што самиот вели, Димитар Миладинов.
Работел седум месеци во Народното собрание на Бугарија по статистиката на народното население, подоцна работи и во финансискиот оддел, по што е администартор во печатницата на браќата поп Спиркови. Тој дал голем придонес на македонскиот народ. Покрај тоа, придонесот на Цепенков во македонската литература е голема важност, како и за при развојот на македонската етнографија и култура
Изнемоштен, напуштен, заборавен, во крајна беда, Марко Цепенков умрел на 29 декември 1920 година во Софија, кадешто е и погребан.
Целокупната оставина на Марко Цепенков се чува во Архивниот институт на Бугарската академија на науките во Софија. Во современа Македонија, делата на Марко Цепенков за прв пат биле реиздадени во 1954 година од Блаже Конески во „Сказни и сторенија“. Во 1957 творештвото на Цепенков биле прекажано во вид на филм од Кирил Пенушлиски, кој една година подоцна започнало со неговото издавање.

Организазија на часот:
Учениците ја прават анализата дома во своите тетратки по лектира, секој индивидуално, додека на училиште дискутираат надополнувајќи се. СИТЕ ученици, покрај прашањата, треба да ја прецртаат ѕвездата заедно со полињата отстрана (фото долу) во своите тетратки по лектира и наместо прашањата - да го впишат нивниот одговор. Може да се нацрта и цртеж инспириран од темата во својата група. |
Прашања:
1.Опиши го главниот лик Силјан (физички и карактерни особини).
2.Наброј ги ликовите кои се сретнуваат во приказната и која е нивната врска со главниот лик Силјан.
3.Раскажи ја приказната за Сиве и Чуле.
4.Во земјата на луѓето-штркови, што морало да прави Силјан? Дали сето тоа го променило него?
5.Зошто се претворил во штрк?
6. Кое е волшебното средство во приказната?
7.Која била најголемата казна на Силјан првиот пат кога се вратил во Прилеп кај неговите?
8.Кои стилска фигури ги препозна во приказната?
9.На каков јазик е напишана оригиналната приазна?
10.Забележи си во тетратката нејасни зборови за кои ќе дискутираме на часот.