Белешки за авторот:
Жил Верн е роден на 8 февруари 1828 година во францускиот град Нант каде што ги завршил основното и средното образование. Во детството си играл со брат му Пол и трите сестри - Ана, Матилда и Марија. Уште на единаесетгодишна возраст, кај него се јавила желба за патувања, па се качил на еден параброд со цел да отпатува за Индија, но татко му го стигнал во едно пристаниште, казнувајќи го жестоко малечкиот Жил, кој ветил дека во иднина ќе патува само во своите мисли. Во гимназијата во Нант, Верн учел реторика ифилософија. Во 1848 година заминал во Париз каде што, по желба на татко му, студирал право. Кога дипломирал, татко му го советувал да работи како адвокат во Нант, но тој никогаш не станал правник, бидејќи посилна била љубовта кон пишувањето.
Уште од раното детство, Жил Верн бил вљубен во Каролина Тонсон која ја сакал долго време, но таа се омажила за друг. Во 1857 година, тој се оженил со Онорина Морел, која му помогнала во решавањето на материјалните проблеми, а во 1861 година им се родил единствениот син Мишел. Љубовта кон патувањата никогаш не го напуштила Верн. Tака, со хонорарот добиен за едно успешно театарско дело, тој купил мала јахта и со неа пловел крај бреговите на Ирска, Шкотска, Скандинавскиот полуостров, Португалија, Шпанија,Северна Африка, а подоцна, со параброд, патувал и во Северна Америка.
Во 1872 година го напуштил Париз и се населил во малото провинциско место Амиен. Во 1886 година, некој млад човек, кој ненадејно полудел, пукал со револвер и го ранил во ногата, така што Верн, на стари години останал куц. Несреќите продолжиле и понатаму, бидејќи подоцна умреле повеќе негови блиски пријатели и роднини. Жил Верн умрел на 24 март 1905 година, а на неговиот погреб дошле најпознатите личности во тоа време, како и претставници на сите владетели во светот.

„Пат околу светот за 80 дена“ е американски авантурис-тички филм од 1956, продуциран од Мајкл Тод и издаден од „United Artists“. Филмот бил режиран од Мајкл Андерсон, продуциран од Мајкл Тод со Кевин Меклори и Вилијам Камерон како придружни продуценти. Сценариото било напишано од Џејмс По, Џон Фароу и С. Џ. Перлмен и се заснова на исотимениот класичен роман од Жил Верн. „Пат околу светот за 80 дена“ освоил неколку академски награди меѓу кои и Оскар за најдобар филм. |
|
Мала помош за содржината...
На фотографијата долу е прикажана релацијата на Филијас Фог која требало да ја помине за да ја оствари својата цел. Напишани се сите градови низ кои поминал, почнувајќи од Лондон и враќајќи се во истиот град.
За дополнителни информации - ѕирнете си во атласот (или на интернет) во која земја се наоѓаат овие градови :)
За дополнителни информации - ѕирнете си во атласот (или на интернет) во која земја се наоѓаат овие градови :)
Организација на часот: Учениците се делат по групи според анализа на ликовите, прераскажување на одредени случки и анализирање на односите помеѓу ликовите. Анализата ја прават дома, индивидуално, во своите тетратки, додека на училиште дискутираат надополнувајќи се.
СИТЕ ученици, покрај задачата од групите, треба да ја прецртаат ѕвездата заедно со полињата отстрана (фото долу) во своите тетратки по лектира и наместо прашањата - да го впишат нивниот одговор. Може да се нацрта и цртеж инспириран од темата во својата група. |
Групи:
Прва група:
Во оваа група се обработуваат ликовите. Во тетратките по лектира се анализира нивниот надворешен и внатрешен опис, кои се позитивни, а кои негативни ликови. Помеѓу нив се прави споредба: кој е подобар лик, кој полош, кој прави подобри дела и кој ви е најомилен од нив.
Исто така треба да ги наведете причините кој и зошто тргнал на пат околу светот: дали треба да замине некаде или да го прошета светот. Наведи ги сите ликови на кои се сеќаваш во книгата: главни, споредни, добри, лоши. Во првата група учествуваат учениците:
VI 2 - Михаел Алексоски, Тамара Беличоска, Дамјан Богојоски, Ана Павлеска, Нина Петреска, Андреј Силјаноски, Михаела Алексоска, Марија Србакоска. VI 4 - Марија Богеска, Мартин Јовески, Бојан Крстески, Давор Трајчески, Даниел Трајкоски, Симона Дејаноска, Стефан Темелкоски, Едијан Чиуиа. |
Втора група:
Со какви превозни средства морале да патуваат ликовите? Наброј ги сите, наведи во која земја/град ги користеле, опиши ги, раскажи неколку интересни случки кои се случиле во патувачките машини (случка со непријатели или пријатели).
Во втората група учествуваат учениците:
VI 2 - Теа Пејоска, Петар Божиноски, Иво Цветаноски, Илина Шурбаноска, Ангела Павлеска, Стефанија Бојоска, Кристина Божиноска. VI 4 - Бојан Блажески, Дејан Ѓорѓиоски, Викторија Јовеска, Антониа Никодиноска, Евамарија Стефаноска, Даниел Николоски, Елеонора Стојкоска, Милан Дервениќ |
Трета група:
Наброј ги пријателствата или љубовта кои се стекнале за време на патот околу светот за 80 дена: кој со кого се спријателил, кој со кого продолжил да се дружи итн. Објасни зошто патот требало да изнесува толку време и која е причината за да се случи ова патување. Наведи кој си ја исполнил својата цел и која била таа. Што се случило на крајот во Лондон? Можеш да опишеш и некој твој омилен настан.
Во третата група учествуваат учениците: VI 2 - Марија Андоноска, Никола Стојчески, Мелани Талеска, Емануела Милососка, Дарко Пејоски, Фросина Тренеска, Никита Ванчоски, Димитар Милосовски. VI 4 - Марија Дамјаноска, Небојша Ристески, Дејан Ѓорѓиоски, Христијан Арминоски, Михаела Стефаноска, Методиј Богески, Сара Наумоска, Сања Цветкоска, Петар Крстески. |
Потсетување:
Пред часот по македонски јазик кога ќе се обработува лектирата, сите да се наместат според напишаните групи во училницата.
Пред часот по македонски јазик кога ќе се обработува лектирата, сите да се наместат според напишаните групи во училницата.