Белешки за авторот:
Васил Иљоски бил роден во Крушево, во 1902 година. Основното образование го завршил во градот Куманово. За тоа време тој му помагал на својот татко во нивната семејна столарска работилница. И покрај тоа што тој работел како занаетчија во раните години од животот, Васил не станал занаетчија. Тој продолжил со своето образование и се запишал во кумановската гимназија, а кога завршил средно училиште се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје. По дипломирањето, Иљоски работел како суплент во кумановската гимназија, но набрзо бил преместен - повеќе од казна - поради извесни обиди низ книжевните текстови да проговори на македонски јазик. По ослободувањето, Васил Иљоски извршувал неколку раководни функции во просветата: бил директор на Првата гимназија, работел во Народната библиотека, а потоа работел и се пензионирал како професор во Вишата педагошка академија во Скопје.
Некаде во 1926 година, Иљоски ја започнал работата над своето прво посериозно драмско дело со првично име „Бежанка“. По две години, текстот веќе бил подготвен за изведба на сцената на "Скопскиот народен театар", но овој пат со ново име - „Ленче Кумановче“. Драмата била напишана и изведена на кумановски дијалект, а нејзината премиера се одржала на 16 јуни 1928 година. Таа побудила голем интерес кај публиката, но набрзо била симната од репертоарот поради интервенцијата на властите, кои не можеле да дозволат од сцената на народниот театар да прозвучи македонски збор. Токму поради тоа, младиот професор по книжевност ја загубил и својата служба во Куманово. Драмата „Ленче Кумановче“ била повторно поставена на сцената на Српскиот кралски театар во Скопје дури во сезоната 1936/1937 година.

Организазија на часот:
Учениците ја прават анализата дома во своите тетратки по лектира, секој индивидуално, додека на училиште дискутираат надополнувајќи се. СИТЕ ученици, покрај прашањата, треба да ја прецртаат ѕвездата заедно со полињата отстрана (фото долу) во своите тетратки по лектира и наместо прашањата - да го впишат нивниот одговор. Може да се нацрта и цртеж инспириран од темата во својата група. |
Прашања:
1.Опиши го главниот лик чорбаџи Теодос (физички и карактерни особини).
2.Наброј неколку поглавни ликови кои се сретнуваат во драмата и која е нивната врска со главниот лик Теодос.
3. Зошто чорбаџи Теодос бил омразен?
4.Наведи неколку негови барања со кои чорбаџи Теодос бил познат меѓу неговите блиски.
5.Кој е Томче и која е неговата тажна приказна?
6. Зошто чорбаџи Теодос станал кум на циганите?
7.Како тој се ослободил од оваа титула и која била цената што морало да ја плати поради тоа?
8.Кои стилска фигури ги препозна во драмата?
9.Подреди ги настаните според композицијата на драмсото дејствие (планинчето)
10.Забележи си во тетратката нејасни зборови за кои ќе дискутираме на часот.