Белешки за авторот:
Снимена е македонска ТВ-серија „Втората смена“ во 1988 година во Скопје и Струга која е направена според текстот на истоимената книга каде што како сценарист се јавува самиот автор и е во режија на Душан Николовски.
Улогите ги толкуваат:
Деца: Николче - Мартин Трпчевски, Симона - Катарина Ангелковска; Коце - Виктор Дојчиновски; Маргарита - Наталија Куновска; Бранко - Павел Максимовски; Горде - Виолета Таневска; Бане - Андреј Киселички; Ване - Симон Киселички; Цобе - Венцислав Ристовски; Тошо Мегафон - Марко Петрушевски; Спирко - Сашо Софрониовски; Филип - Дамјан Поповски;
Возрасни: воспитувачката - Марија Кондовска; управителот - Александар Чамински; Марија, бабата на Николче - Милица Стојанова; Љупка, мајката на Николче - Катина Иванова; Никола, таткото на Николче - Кирил Ристески; Коле, дедото на Николче - Јосиф Јосифоски; рибарот - Живко Пешевски; берберот: Илија Струмениковски; продавачката - Виолета Анѓушева.
Серијата може да ја погледнете тука.
Организација на часот: Учениците се делат по групи според анализа на ликовите, прераскажување на одредени случки и анализирање на односите помеѓу ликовите. Анализата ја прават дома, индивидуално, во своите тетратки, додека на училиште дискутираат надополнувајќи се.
СИТЕ ученици, покрај задачата од групите, треба да напишат и ТЕМА, ИДЕЈА и ПОУКА за лектирата во своите тетратки. Може да се нацрта и цртеж инспириран од темата во својата група. |
Групи:
Прва група: Николче, Коце, Бранко, Цобе, Бане и Ване: Во оваа група учениците ги обработуваат наведените ликови. Во тетратките по лектира се анализира нивниот надворешен и внатрешен опис, кои се позитивни, а кои негативни ликови. Помеѓу ликовите се прави споредба: кој е подобар лик, кој полош, кој прави подобри дела и кој ви е најомилен од нив.
Пример: Николче имал ___ години и бил ученик во ___ одделение... Бил високо/ниско момче, со ___ коса... Роднини другари/ки му биле.... итн. Коце имал ___ години и бил ученик во ___ одделение... Бил високо/ниско момче, со ___ коса... Другари/ки му биле.... итн. |
Во првата група учествуваат учениците:
Втора група: Симона и Маргарита: Во оваа група учениците ги обработуваат наведените ликови. Во тетратките по лектира се анализира нивниот надворешен и внатрешен опис, кои се позитивни, а кои негативни ликови. Помеѓу нив се прави споредба: кој е подобар лик, кој полош, кој прави подобри дела и кој е ви е најомилен.
Пример: Симона имала ___ години и била ученичка во ___ одделение... Била високо/ниско девојче, со ___ коса... Другари/ки и’ биле... итн. Маргарита имала ___ години и била ученичка во ___ одделение... Била високо/ниско девојче, со ___ коса... Другари/ки и’ биле.... итн. |
Во втората група учествуваат учениците:
Трета група:
|
Во третата група учествуваат учениците:
Четврта група:
|
Во четвртата група учествуваат учениците: