(Домот на мајката-наставничка и нејзината ќерка. На сцената има две маси: едната работна, другата клуб-масичка. Влегуваат на сцената ќерката на наставничката со нејзината другарка и седнуваат на помалата масичка. Едната чита книга, другата чита на мобилен телефон/таблет.)
Другарката: Што читаш?
Ќерката на наставничката: Еве една интересна книга. Ти?
Другарката: И јас читам нешто интересно на Интернет.
(кратка пауза)
Ќерката на наставничката: Денес мајка ми многу ме изнервира (ја остава книгата на масичката)!
Другарката: Зошто?
Ќерката на наставничката: Никогаш не ме разбира! Пак дојде изнервирана од училиште, којзнае кој клас ја изнервирал. Де собата била растурена де садовите неизмиени... Уф, тежок е животот со мајка-наставничка.
Другарката: Ох, кому кажуваш. Јас мојата по цел ден не ја гледам, а кога ќе дојде нема желба да разговара со мене: „Ќерко, остави ме, денес пак имавме многу работа, другпат ќе ми кажеш.“ И, така секој ден.
Ќерката на наставничката: А, јас кога ќе бидам мајка нема така да правам, сигурно. Нема ни настаничка да бидам. Односно, не знам што ќе бидам кога ќе пораснам, но нема да бидам таква мајка. Понекогаш си помислувам дека школскине деца повеќе ги сака!
Другарката: Ех, не биди будалче, мене никоја наставничка не ме сака како мајка, инаку секој тест без учење ќе ми беше петка. Колку што знам, не сум поминала со петки без учење.
Ќерката на наставничката: А, ти кога разговараш со мајка ти?
Другарката: Скоро никогаш. За викенд е тука, но ја довршува тогаш работата што не ја сработила за време на работните денови. Имам помала сестричка и со неа ја работи домашната, малку потешко ѝ оди учењето. Подготвува јадење за викендот, но и за цела недела. Оди кај баба ми, односно нејзината мајка, која е изнемоштена и не може сама. Но, кога јас сакам да разговарам со неа, или молчи или вели дека јас можам сè да си средам сама.
Ќерката на наставничката: Како што ми кажуваш, таа навистина нема време за ништо...
Другарката: Еј, ако се сака, сè се може, така?!
(Влегува мајката-наставничка, доаѓа од работа)
Мајката-наставничка: Добар ден (налутено)!
(ја поздравуваат двете)
Мајката-наставничка: Денеска ни побараа ИКТ, дневна подготовка ваква и таква, од осмо и деветто одделение беа збеснати, ништо не учат - а бе како на ѕидон да му објаснуваш! Добро, како може да не знаеш најосновна работа? Два и два да ги прашаш - не знаат колку се!
Другарката: Тетко госпоѓо, денешната младина е таква, повеќе сакаат на Фејсбук да седат.
Мајката-наставничка: За сè има време, за сè! Како има некои деца во сè се спремни.
Ќерката на наставничката: Тоа е затоа што имаат време мајките да разговараат со нив!
Другарката: Немој да бидеш таква!
Мајката-наставничка: Ќерко, зошто такво однесување?
Ќерката на наставничката: Ништо, оди кај твоите ученици објасни им како да се однесувам!
Мајката-наставничка: Не знам сега што згрешив. На училиште сите ти се петки, учиш најдобро во цел клас, најадена и напиена си, здравјето фала Богу ти е добро, дотерана си секој ден, си имаш другарки за дружење... Те молам, немој да бидеш некултурна!
Другарката: Сигурно не мисли така, тетко госпоѓо.
Мајката-наставничка: Ех, искарај ја малку другарка ти. Туку, како е мајка ти? Воопшто ја немам видено. На работа сè уште ѝ е тешко?
Другарката: Оф, кој ја видел! Добра е тогаш кога ќе ја видам. Не се жали пред мене, но секогаш е изморена кога ќе дојде и не ѝ е до разговор. Всушност, нема толку време за мене... (натажено)
Мајката-наставничка: Како зборуваш така? Немала време за тебе, глупости! Сама знаеш дека жената нема време, а има и помала ќеркичка на која ѝ треба помош, но и болна мајка. Таа знае дека си голема и дека можеш сама да си ги завршиш работите. На последната родителска средба бевме заедно со мајка ти и таа беше пресреќна што нејзината ќерка е со сите петки. Сама кажа дека барем тебе може да те остави сама и да се грижи за тие што не можат и што чекаат на неа. Мајка ти многу те сака и многу се гордее со тебе!
Другарката: Навистина?
Мајката-наставничка: Зарем се сомневаш во тоа?...
Другарката: Девојче, мајка ти е многу паметна, зошто мислиш дека не те сака?
Ќерката на наставничката: Па, и ти мислиш дека твојата не те сака!
Мајката-наставничка: Чекајте, чекајте - како така туѓата мајка е подобра? Сега, девојчиња, за казна, ќе напишете што сакате кај вашата мајка, а не што мразите! Брзо!
(Девојчињата пишуваат честитки за своите мајки. Потем стануваат пред публиката и ги читаат своите напишани честитки до своите мајки.)
Ќерката на наставничката:
За мене мајката е суштеството кое никогаш нема да престанам да го сакам, таа исто така ми е најпотребна и сé би сторила само засекогаш да ја имам покрај мене како поддршка и пример за тоа до каде можам да стигнам во животот. Таа засекогаш ќе има главно место во срцево мое . Таа é и ќе биде најдобра и единствена.
Другарката:
Мајка ми често ми помага да согледам некои работи, ми укажува на грешките и ме советува како да продолжам понатаму во животот. Многу често размислувам колку често имам саботни утра со мајка ми. Убави саботни утра! Колку често и дозволувам на мајка ми да има ги има нив со мене. По изразите на лицето од мајка ми заклучувам дека тогаш е среќна, но и јас бев среќна. Ваквите разговори беа ретки, но ме исполнуваа. Ме тераа да заклучам дека таквите утра треба да бидат почести, а не беа. Се запрашував колку е мојата љубов честа кон мајка ми. Сепак, беше честа. Секојдневна. Постојана. Но, колку таа го знае тоа? Знам дека би требало почесто да ѝ го укажувам тоа на различни начини.
Мајката-наставничка: Колку убаво! Ви благодарам што ми потсетивте дека треба да бидам подобра мајка. Сега и јас ќе напишам честитка за мојата мајка!
Мајката-наставничка:
Многу мајки со детето треба да имаат пријателски однос. На мајката може да ѝ покажеме љубов на различни начини - би ја сослушале кога зборува: тоа многу би ја израдувало, да ѝ помогнеме во домашните работи , да ѝ ги послушаме нејзините совети. Така ќе ѝ докажеме колку нашата љубов е голема и честа. Затоа, најмила мамо ти благодарам за секој твој совет, ти благодарам што секогаш беше искрена и отворена за разговор, ти благодарам што се однесуваше како најдобра другарка. Јас сум многу среќна што има мајка како тебе затоа што ти си таа која секогаш ме поддржува дури и кога знаеше дека грешам. Уште колку и да пишувам премалку е за тебе ти благодарам за се што направи за мене. Доволно е да знаеш само колку те сакам. Секогаш ќе бидам тука за тебе мамо, секогаш.
КРАЈ

Драмата е дел од приредбата за Осми март во о.у. „Христо Узунов“ - Другово, покрај која се одржа и продажна аукција од рачни изработки од учениците, наставиците и родителите. Честитките од актерките беа ставени и на продажба кои беа изработени од наставничката. Текстот од честитките го напишаа самите ученички.