Правописот вели дека...
1. Над самогласката E во кратката заменска форма нас нѐ, за да се разликува од негацијата НЕ:
Кога игравме, не нѐ почитуваа воопшто.
2. Над самогласката Е во прилогот сѐ за да се разликува од кратката заменска форма од повратната заменка себе се која често ја употребуваме со повратните глаголи:
Сѐ се случи многу брзо.
3. Над самогласката И кај кратката заменска форма од нејзе ѝ за да се разликува од сврзникот и:
Не ѝ се насмеа и не ѝ посвети внимание.