Драги мои, Овој блог е наменет за наставата по македонски јазик. Направен е за потребите на учениците заради нивно полесно учење, побрзо сфаќање на материјалот и со цел да го засакаат предметот.
Во иднина следуваат нови идеи кои ќе го збогатат блогот, во зависност од фантазијата, иновативноста и креативноста, како кај наставникот, така и кај ученикот. Подготвена сум за соработка со сите оние кои влегуваат на овој блог и сите кои сакаат да споделат мислења за интересен час. Уживајте, учете и сакајте го македонскиот јазик! Вашата наставничка по македонски јазик, Марија Лозаноска |