Белешки за авторот:
Анели Мари „Ана“ Франк (12 јуни 1929 - почетокот на март 1945) била германско девојче од еврејско семејство од градот Франкфурт којашто стекнала слава благодарение на своите дневници во кои ја опишала германската окупација на Холандија за време на Втората светска војна. Со своето семејство се преселила во Амстердам во 1933 година, откако нацистите дошле на власт во Нацистичка и се стремеле за окупација на Холандија која започнала во 1940. Откако убивањето на Евреите почнало да се зголемува од ден на ден, Ото Франк, таткото на Ана Франк во јули 1942 со семејството се криел во собите од неговата работна зграда. По две години групата којашто ја сочинувале и тие била пронајдена и испратена во концентрационите логори. Седум месеци по нејзиното апсење, Ана починала од тифус во концентрациониот логор Берген - Белзен во деновите кога умрела и нејзината сестра Маргот Франк. Нејзиниот татко Ото останал жив и успеал да се врати во Амстердам каде што ги нашол сочувани дневниците на својата ќерка кои подоцна биле објавени во 1947 година. Дневниците во својот оригинал се објавени на холандски јазик.
Дневникот што и бил даден на 13. роденден претставува хронологија на настаните од тој ден, па се до 1 август 1944 година. Дневникот е преведен на многу јазици, а станал и многу популарен меѓу читателите. Стилот на којшто е напишан е добар, а темата на дневникот претставувала инспирација за повеќе филмови. Со својата слава, Ана Франк станала една од најчесто споменуваните личности од жртвите на Холокаустот.Пред околу 60 години биле објавени невините мисли на една млада тинејџерка. Меѓутоа, тие мисли не биле секојдневни - припаѓале на младата Ана Франк, 13-годишно девојче кое опишало како е да се криеш за да го спасиш својот живот од режимот на Нацистите. Од тогаш, нејзиниот дневник е продаден во повеќе од 30 милиони копии и е преведен на 67 јазици.

Интересни факти за Ана Франк:
„Дневникот“ кој Ана го добила за нејзиниот 13-ти роденден всушност била автобиографска книга.
Поголемиот дел од дневникот Ана го пишувала во форма на писма кои биле пишувани за личноста „Кити“.
Ана и нејзиното семејство биле пронајдени од Нацистите бидејќи некој ги издал.
Ана починала во концентрациониот логор Берген - Белзен од тифус, а не во гасна комора.
Од 8-те луѓе кои се криеле во зградата, преживеал само таткото на Ана, Ото Франк.
Ото Франк ѝ го дал дневникот на Мип Гиз, холанѓанка која помагала во криењето на семејството Франк.
Доколку Мип Гиз знаела каква содржина има дневникот, таа никогаш немала да дозволи да се објави.
„Дневникот на Ана Франк“ честопати се наоѓа на листите на најконтроверзните книги.
Постојат голем број глупави причини поради кои луѓето се обиделе да ја забранат книгата во училиштата.
Некои луѓе веруваат дека дневникот на Ана бил измама.
Извадоци од книгата може да прочитате тука.
Организација на часот:
Учениците ја прават анализата дома во своите тетратки по лектира, секој индивидуално, додека на училиште дискутираат надополнувајќи се.
СИТЕ ученици, покрај задачата, треба да напишат и ТЕМА, ИДЕЈА и ПОУКА за лектирата во своите тетратки.
Подготовка за часот:
Анализата за лектирата е поделена на следните четири дела. Секој во тетратките да запише свое мислење за нив:
Изработила: Марија Лозаноска, наставничка по македонски јазик