Девојките на Марко
автор: Оливера Николова
Белешки за авторката:
Оливера Николова е родена на 11 март 1936 година во Скопје. Дипломирала на Филозофски факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Целиот работен век го поминала во Македонската радио-телевизија, работејќи како уредник и драматург. Таа e член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година. Таа е македонска писателка за возрасни и за деца.
Николова објавила голем број книги, како: Зоки Поки (проза за деца, 1963); Ден за летување (раскази, 1964); Тајната на жолтото куферче (роман за деца, 1965); Земјата во која никогаш не се стигнува (повест за деца, 1965); Зимски детективи (роман за деца и млади, 1972); Пријателите Бон и Бона (роман за деца, 1974); Сребрено јаболко (комедија, 1975); Чук, чук, Стојанче (пиеса за деца, 1976); Мојот звук (роман за деца и млади, 1977); Тесна врата (роман, 1983); Тажниот весел Владимир (проза за деца, 1984); Умна глава (пиеса за деца, 1984); Девојките на Марко(роман за деца и млади, 1987); Љубоболки (роман за деца и млади, 1988); Домашни задачи (роман, 1989) и др.

Организација на часот: Учениците ја прават анализата дома во своите тетратки по лектира, секој индивидуално, додека на училиште дискутираат надополнувајќи се.
СИТЕ ученици, покрај прашањата, треба да ја прецртаат ѕвездата заедно со полињата отстрана (фото долу) во своите тетратки по лектира и наместо прашањата - да го впишат нивниот одговор. |
Прашања:
Обработка на ликови: Се обработуваат ликовите. Во тетратките по лектира се анализира нивниот надворешен и внатрешен опис, кои се позитивни, а кои негативни ликови. Помеѓу нив се прави споредба: кој е подобар лик, кој полош, кој прави подобри дела и кој ви е најомилен од нив.
Во анализата наведи ги сите ликови на кои се сеќаваш од книгата: главни, споредни, добри, лоши. |
Браќата на Марко: Овде треба да се опише односот на Марко со неговите браќа. Дали тие биле блиски, кој бил најстар, кој среден, а кој најмал? Што било толку интересно со Марко, па го чекале браќата да дојде? Раскажи го планот на Славе и за тоа што сакал да дознае од Марко, кој кому помага и дали во нив има слога или кавга. |
Изработила: Марија Лозаноска, наставничка по македонски јазик