Белешки за авторот:
Џек Лондон (12 јануари 1876 – 22 ноември 1916) е американски автор кој е познат по своето големо дело Повикот на дивината, како и по други свои дела. Како пионер во тогашниот растечки свет на фикцијата како тема во комерцијалните списанија, тој бил еден од првите Американци кои направиле профитабилна кариера исклучиво од пишување.
Смртта на Џек Лондон е контроверзна. Многу постари извори ја опишуваат како самоубиство, а некои од нив сè уште го прават тоа. Сепак, по сè изгледа дека ова во најдобра смисла е гласина, или шпекулација базирана на случувања во неговите фиктивни текстови. Во неговата посмртница како причина за смртта се наведува уремија (азотемија), уште позната како уремично труење. Умрел на 22 ноември 1916 година, на верандата од една куќарка на неговиот ранч. Познато е дека трпел големи болки поради што земал морфин, па можно е предозирање со морфин, намерно или случајно, придонело за неговата смрт. Клерис Штац, во многу мала биографија, пишува: „После смртта на Лондон, од бројни причини се разви биографски мит во кој тој беше прикажан како алкохоличен женкар кој извршил самоубиство. Скорешна академска работа базирана на документи од прва рака ја оспорува оваа карикатура“. Биографот Рас Кингман заклучува дека Лондон умрел „од удар или срцев напад“. Сведоштво за ова е едно писмо кое тој го напишал. Пепелта на Џек Лондон е закопана заедно со онаа на неговата втора сопруга Чармијан (која умрела во 1955 година), во Државниот историски парк Џек Лондон, во Глен Елен, Калифорнија. Едноставниот гроб е означен само со мовест белутрак.

Организација на часот:
Учениците ја прават анализата дома во своите тетратки по лектира, секој индивидуално, додека на училиште дискутираат надополнувајќи се. СИТЕ ученици, покрај прашањата, треба да ја прецртаат ѕвездата заедно со полињата отстрана (фото долу) во своите тетратки по лектира и наместо прашањата - да го впишат нивниот одговор. |
Прашања:
1. Опиши го кучето Бак (кои карактерни човечки особини ги пронајде во него).
2.Кое е најнегативното животно според тебе? Опиши една случка каде тоа му наштетило на Бак.
3.Кои се другите ликови-животни во книгата? Наведи еден лик, покрај главниот, што најмногу ти се допадна.
4.Раскажи една случка која ти остави најголем впечаток во книгата.
5.Која стилска фигура се сретнува во книгата? Пронајди кои видови на луѓе се сретнуваат низ животните.
Лектирата овојпат ќе се обработува само еден час, наместо два. Пред почетокот на часот, дежурниот ученик да ја нацрта ѕвездата (фото горе) на табла, но со празни полиња.