Добар наставник, не само добра техника
Помошта на наставникот кон ученикот се намалува тогаш кога доаѓаат одмагањата од многу други аспекти. Тука прв виновник секако се смета човекот како индивидуа и она што тој го (не)направил. Колку и да зборувам „завиткано“, секој наставник кој по душа има такво звање, би се сложил со мене. Колку од денешните измислици ни помогнаа подобро да научиме? Да, и ние наставниците учиме, неспорно е тоа. Но, колку взаемната комуникација ни помогнала да одиме барем по еден чекор нанапред во секоја учебна година? Се чувствувам како да одиме назад, како таа комуникација да не постои. И колку од нас допреле до децата и успеале да ги ослободат од она што ги кочи без викањето над нив? За такво нешто, чинам, нема апликација.
Се сеќавам имав идоли од моите наставници. До ден-денес ги паметам оние кои оставиле трага врз моето сеќавање и ги применувам истите работи што имале ефект кај мене. Не се сеќавам на ниедна техника, се сеќавам на зборот што разбудил некакво освестување на тогашното дете кое сум била. Се сеќавам на топлиот збор и сликовитото раскажување што врежало слики за конкретната лекција, па сум ја научила. И сега се препознавам во децата кога тие ќе се внесат во мојата приказна. Знам што точно ме погодило мене како дете, па на тој начин знам како да допрам и јас до нив. Го негувам детето во себе, знам што тоа точно сака. Вистинскиот наставник самиот треба да биде едно големо дете за да допре до нив. Не разгалено, неуко, невоспитано, туку да ја има сѐ уште онаа фантазија и мечтаење што ја имаат најмалите и најмилите.
Технологијата тоа не ми го дозволува, да бидам дете во очите на децата. Можеби сум среќна бидејќи израснав без компјутер и со пет програми во телевизорот, но барем фантазијата, размислувањето и желбите ми останале на високо ниво.
Да се разбереме - не сум против технологијата. Првенствено, таа ми помогнала да го изнесам ова мое мислење и преку социјалните мрежи да стигне до оној што сака да го прочита. Црпам многу информации секогаш кога ќе посакам, за момент стигнувам до она што не го знам и моментално го дознавам. Но, денешната генерација на деца, во овие наши простори, не знаат така да ја користат технологијата. Или да речам - нема кој да им покаже. Едно е да се има талент за наставник, друго е да бидеш „мултитаскинг“. Со користењето на непотребни апарати при предавањето, им одзема само енергија: и на учениците и на наставникот. Додека наставникот размислува дали добро ќе му помине ИКТ-часот и додека стиска копчиња и клика, тој за тоа време можел веќе да ја спреведе својата бура на идеи и можеби токму тогаш да му ја кликне во мозокот идејата на ученикот која и тоа како може да биде важна за човештвото. Но, не. Ние упорно мораме да го правиме она на што не сме навикнати бидејќи сите системи не се усогласени. А, за да оди сѐ како подмачкано, потребно е да се задоволат следните услови:
1. Секој наставник мора да биде добро обучен со создадена навика за користење технологија;
2. Учениците треба да го познаваат целиот тој систем, да стекнат навика и да продолжат со истиот континуитет;
3. Корелацијата на одделенските и предметните наставници, професорите од средно и факултет да биде наголемо спроеведена за да може да функционира целиот тој систем на технологија во образованието.
Сето тоа во нашето образование го нема. Одделенскиот наставник применува активност, предметниот користи ИКТ, а професорот на факултет сѐ уште предава теории без активност или ИКТ. Или обратно, на пример. На ваков начин еден ученик никогаш нема да навлезе во тој систем што ни се налага и нема да се надоградува. Секој нареден наставник или го уназадува или го збунува. Нема континуитет, но наставникот тука не е воопшто виновен. И тој е во незавидна позиција како и ученикот бидејќи немало кој да го научи за таквиот час. Тоа е исто како да им ставиме на учениците во тестот прашања од непредадена лекција и да очекуваме да одговорат.
Многу од бараните техники се добри, потребни и добредојдени. Ни го олесниле предавањето и нѐ насочиле. Но, талентираниот наставник како да не смее некои од нив да ги негира и да даде свое мислење. Сметам дека слободата на талентираиот наставник не е доволна, дури е и скратена. Учениците не ги препознаваат техниките ако нив наставникот не им ги објасни. Не стои облеката ако не знаеш да ја носиш. Ако смислената активност на часот не ја вметнеш во една приказна, еден вид игра, асоцијација, подавање-додавање, ако не внесеш една жар и убеденост во она што сакаш да им го кажеш - тој час би бил само една игротека со незаиграни деца. Децата препознаваат, децата искрено сакаат, децата чувствуваат кога часот не оди како што треба. Бидејќи треба да ги научиш до своето ниво и оние добрите, да ги „залажеш“ недоволните, а да ги задоволиш одличните. Талентираниот наставник тоа го знае и го може, а компјутерот не препознава пред каков ученик стои.
Образованието би било многу поквалитетно кога пред учениците стои добар наставник, а не само добра техника на работа. А, добриот и талентиран наставник со добра техника и умерена технологија е вистински благодат за секој ученик.
Марија Лозаноска,
наставник по македонски јазик

Текстот е лично мислење на авторот и не е извадок од стручна литература.