Белото циганче
автор: Видое Подгорец
Кратки белешки за авторот:
Видое Подгорец е роден на 8 јуни 1934 година во струмичкото село Колешино. Иако растел во сиромашно семејство неговата желба за образование била поголема од сиромаштијата. Тој завршил основно училиште во родното село, а на само 16 години почнал да работи како учител. Поради сиромаштијата, не бил во состојба редовно да ги следи предавањата на Скопскиот универзитет, па затоа, студирал како вонреден студент. Повторно ниту ова не го спречило да си го заврши образованието. Во 1956 година, дипломирал на Вишата педагошка школа, а во јуни 1959 година дипломирал на Филозофскиот факултет, на групата за југословенска книжевност. Тој потоа се вработил и во „Нова Македонија“, т.е. во редакцијата „Детска радост“, како уредник на детските списанија „Другарче“ и „Наш свет“.
Домашна работа:
Учениците ја прават анализата дома во своите тетратки по лектира, секој индивидуално, додека на училиште дискутираат надополнувајќи се.
Во тетратките напишете го насловот на лектирата заедно со авторот, напишете поднаслов „Обработка на лектира“, препишете ги прашањата и одговорете ги. Одговорите не треба да бидат ни многу кратки ни премногу долги:
1.Како се вика главниот лик, по што е тој интересен во оваа приказна?
2. Каде почувствува дека има исмејување и кон кого? Објасни.
3. Кои се позитивните, а кои негативните ликови и зошто?
4. Какви занаети имало во оваа група луѓе, како преживувале и каде живееле?
5. Доколку се сретнеш со поинаква група на луѓе различна од тебе, како би постапил/а?
2. Каде почувствува дека има исмејување и кон кого? Објасни.
3. Кои се позитивните, а кои негативните ликови и зошто?
4. Какви занаети имало во оваа група луѓе, како преживувале и каде живееле?
5. Доколку се сретнеш со поинаква група на луѓе различна од тебе, како би постапил/а?
Ѕвезда
СИТЕ ученици, покрај прашањата, треба да ја прецртаат ѕвездата заедно со полињата отстрана (фото долу) во своите тетратки по лектира и наместо прашањата - да го впишат нивниот одговор.
Интересни факти за книгата
Направена е македонска серија според истоимената книга во 1984 година во продукција на Македонската телевизија (МТВ) тогашна Телевизија Скопје. Серијата има седум епизоди. Улогите ги толкуваат: Рубенс Муратовски (Таруно), Илија Џувалековски, Снежана Стамеска, Кирил Андоновски и др.
Серијата може да се погледне на You Tube:
Серијата може да се погледне на You Tube:
Изработила: Марија Лозаноска, наставничка по македонски јазик