Колку сме (не)писмени?
Во ова мое излагање би почнала со едно мое лично размислување на оваа тема околу писменоста и неписменоста. Човекот што е писмен, не значи дека има високо образование. Човекот што е неписмен, не значи дека не ги знае буквите. За да бидеме писмени, најпрво треба да поседуваме желба за да бидеме такви. Јазикот е една комплексна работа и мора секојдневно да му се посветуваме. Тој е жива материја, се менува многу брзо и ние треба да го следиме тој тек.
Меѓународниот ден на писменоста се обележува на осми септември на глобално ниво и насекаде низ светот луѓето се борат на различни начини за таа да се прошири што повеќе, но се борат и за да се искорени неписменоста. Жално е што во новиот милениум сè уште се среќаваме со индивидуи кои не знаат ниту да читаат ниту да пишуваат и со тоа една од основните комуникации меѓу луѓето е нарушена. Доколку меѓучовечката комуникација не се спроведе како што треба, настануваат недоразбирања кои водат до многу поголеми последици. Неописменетите луѓе се во еден неинтелектуален мрак и оние кои се желни за превласт можат многу лесно да ја уништат таа маса на луѓе. Знаеме дека зборот е најсилното оружје кое може да го поседуваме и голема штета е што многумина го немаат барем колку да можат да се одбранат кога некој ќе ги нападне со реченици.
Причините за неписменоста се во голем број и, за жал, бројките се фрапантни. Според податоците од УНЕСКО има 774.000.000 неписмени лица, од кои 500.000.000 се жени, а 123.000.000 се млади луѓе помеѓу 15 и 24 години. Овие бројки најмногу се наоѓаат во Индија, Пакистан, Етиопија, Бангладеш, Конго, Танзанија, Египет и Буркина Фасо. Единствено во Бангладеш има повеќе неписмени мажи отколку жени.
Во Македонија, според последниот попис којшто датира уште од 2002 година, само 3,85% од населението немало никакво образование. Причините за тоа се скоро исти како и насекаде во светот. Тоа е поради понискиот социоекономски статус, поради животот во руралната средина, одредените етнички припадности итн.
Лично јас повеќе ги сакам буквите отколку бројките и наместо да се задржувам на податоци со цифри и набројувања, би сакала да кажам мои мислења околу оваа тема. Ние како земја сме мали и реално не можеме толку да влијаеме на светски рамки околу неписменоста, но не значи дека треба да се откажеме. Напротив, треба да се бориме со нашите зборови, треба да се бориме со нашиот јазик. Потекнуваме од земја на просветители и сме лулка на словенската писменост. Го поседуваме еден од најтешките јазици во светот, најмногу поради неговата граматика и тоа сведочи колку ние големо богатство имаме. Ширењето на правилниот македонски јазик и тоа како е големо претставување на нашата Македонија. Денес многу повеќе се мешаме со странци и зошто да не ги научиме да го зборуваат и пишуваат нашиот јазик, па да им ја всадат таа љубов и на нивните блиски. И со тоа повторно се враќаме на нашата тема: како ќе ги научиме ако ние самите не го знаеме сопствениот јазик?
Јас, како вљубеник во македонскиот јазик сметам дека пронајдов начин како да влијаам кон другите да станат што пописмени. Почнав да пишувам книги кои содржат правилни македонски дури и дијалектни зборови наместо странцизми. Активна сум на социјалните мрежи творејќи на кирилица и правописно коректни зборови за луѓето да го засакаат повторно нашето писмо и да сфатат дека и со него можат да бидат во тренд, да бидат и на таков начин интересни и многу посфатени од урбаното оптштество. Дури во последно време е модерно да се пишува на интернет на кирилица, што мене ми претставува огромно задоволство. Мило ми е што сум наставник по македонски јазик и што на мој начин успевам да им ја всадам љубовта кон нашиот јазик на младите. Бидејќи, доколку учениците знаат како да се изразат, тие понатаму ќе можат и секоја друга област да ја совладаат.
Но, нели треба и да се запрашаме што значи да се биде писмен? На почеток начнав едно мало размислување, дека не значи дека си писмен само ако ги знаеш буквите. Да, ги знаеме буквите, но колку правилно ги употребуваме? Буквите составуваат збор, зборот составува реченица, а реченицата пренесува порака која секој еден човек ја има во себе. Доколку зборот е направилно напишан, макар му фали една буква, тој збор преминува во друг, а доколку премине во друг, го менува и неговото значење. На таков начин и реченицата добива сосема различна смисла од пораката што сакаме да ја кажеме. Токму тука настануваат сите наши недоразбирања. Како што постојат правила за секое едно нешто, така постојат правила за пишувањето и тие се заведени во книги и документи што е уште едено сведоштво до кое ниво е нашата писменост.
Во ерата на интернетот и социјалните мрежи, секојдневно се сретнуваме со пишана комуникација и од мое видување, голема маса луѓе се неописменети во интерпукцијата, големата буква, пишуваат со латиница на македонски јазик, не им е важно дали голтаат букви и каде пишуваат слеано, а каде одделно, и со сето тоа ја отежнуваат меѓусебната комуникација.
Писмен значи да се има богат фонд на зборови. Писмен значи да се знае да се говори и точно да се пренесе она што го имаме во себе. Сите ние чуваме големо знаење кое сигурно му е потребно на светот, но доколку не го поседуваме тоа средство, како би отпатувала нашата мисла? Бидете отворени кон јазикот, сакајте го, негувајте го, пишувајте кирилица за да го зачуваме македонскиот јазик, прашувајте како се пишува доколку не знаете. Доволно е за почеток.

Марија Лозаноска,
наставник по македонски јазик
наставник по македонски јазик
Говорот е одржан во библиотеката на Домот на култура „Кочо Рацин“ , Кичево по повод Меѓународниот ден на писменоста.