Белешки за авторот:
Глигор Поповски е роден на 1 април 1928 година, во малешевското село Будинарци. Се школувал во родното село, во Берово и во Струмица, а во Скопје завршил учителска школа. Во 1949 година се вработил во редакцијата на „Пионерски весник“, најпрвин како илустратор, а потоа како соработник. До пензионирањето во 1988 година работел во „Детска радост“ при НИП „Нова Македонија“ како уредник на неколку детски списанија („Титов пионер“, „Развигор“, „Другарче“ и „Росица“), а потоа неколку години бил главен уредник на издавачката дејност.
Организација на часот: Учениците ја прават анализата дома во своите тетратки по лектира, секој индивидуално, додека на училиште дискутираат надополнувајќи се.
СИТЕ ученици, покрај прашањата, треба да напишат ТЕМА, ИДЕЈА и ПОУКА за лектирата во своите тетратки и да ја прецртаат ѕвездата заедно со полињата отстрана (фото долу) во своите тетратки по лектира и наместо прашањата - да го впишат нивниот одговор. Може да се нацрта и цртеж инспириран од темата во својата група. |
Подготовка за часот
Анализата за лектирата е поделена на следните четири дела. Секој во тетратките да запише свое мислење за нив:
|