Белешки за авторот:
Роберт Луис Стивенсон (англиски: Robert Louis Stevenson), роден како Роберт Луис Балфор Стивенсон (Robert Lewis Balfour Stevenson), (13 ноември 1850 – 3 декември 1894) бил шкотски писател, поет, есеист и патеписец. Роберт Стивенсон во светската литература е познат по неговите романи „Островот на богатството“, „Киднапиран“ и „Чудниот случај на доктор Џекил и господин Хајд“.
Роберт Стивенсон, во своето време, бил познат писател и денес е рангиран меѓу 30-те најпреведувани писатели во светот, веднаш зад Чарлс Дикенс. Тој бил доста почитуван од голем број автори, меѓу кои Хорхе Луис Борхес, Ернест Хемингвеј, Радјард Киплинг, Марсел Шоб, Владимир Набоков и останати светски познати автори.

Организација на часот:Учениците ја прават анализата дома во своите тетратки по лектира, секој индивидуално, додека на училиште дискутираат надополнувајќи се. СИТЕ ученици, покрај прашањата, треба да ја прецртаат ѕвездата заедно со полињата отстрана (фото долу) во своите тетратки по лектира и наместо прашањата - да го впишат нивниот одговор. Може да се нацрта и цртеж инспириран од темата во својата група. |
Прашања:
1. Опиши го момчето Џим Хокинс (физички и карактерни особини).
2.Кој е најнегативниот лик според тебе? Опиши една случка каде тој му наштетил на Џим.
3.Кои се другите ликови во книгата? Наведи еден лик, покрај главниот, што најмногу ти се допадна.
4.Раскажи една случка која ти остави најголем впечаток во книгата.
Лектирата овојпат ќе се обработува само еден час, наместо два. Пред почетокот на часот, дежурниот ученик да ја нацрта ѕвездата (фото горе) на табла, но со празни полиња.