Белешки за авторот:
Бошко Смаќоски бил македонски поет, раскажувач, романсиер и драмски писател. Роден е на 18 септември 1938 година, во селото Модрич. Завршил гимназија во Охрид, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Уште за време на студиите, се вработил како новинар во Радио телевизија Скопје. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година. Смаќоски починал во 1998 година, во Скопје.
Еве дел од неговото творештво: „Мајски ѕвончиња“ (поезија за деца, 1959); „Додека роси“ (поезија за деца, 1962); „Распродажба на остатоци од пролетта“ (поезија, 1963); „Еден багрем и четири деца“ (лирски раскази за деца, 1964); „Усвојување на дневниот ред“ (поезија, 1965); „Големи и мали“ (роман за деца, 1966); „Славејот ноќева во трендафили“ (поезија за млади, 1967); „Всушност, сè е убава балада“ (поезија, 1968); „Влегување во Охрид“ (поезија, 1972); „Корениште“ (роман, 1972); „Крастава година“ (раскази, 1972); „Цвеќе од деветтиот рид“ (роман за млади, 1972); „Песни од Модрич“ (поезија, 1977) и многу други.
Автор е на повеќе радиодрами, радиокомедии, радиоигри за деца и на телевизиски драми.

Интересни факти за книгата:
Снимена е македонска ТВ-серија „Големи и мали“ во 2000 година во Скопје која е направена според текстот на истоимениот роман и е во режија на Душан Наумовски. |
Организација на часот:
Учениците ги одговараат дадените задачи подолу. Анализата ја прават дома, индивидуално, во своите тетратки, додека на училиште дискутираат надополнувајќи се.
СИТЕ ученици, покрај задачата од групите, треба да ја прецртаат ѕвездата заедно со полињата отстрана (фото долу) во своите тетратки по лектира и наместо прашањата - да го впишат нивниот одговор. Може да се нацрта и цртеж инспириран од темата во својата група. |
Задачи:
Ликови
Обработи ги ликовите. Во тетратките се анализира нивниот надворешен и внатрешен опис, кои се позитивни, а кои негативни ликови. Помеѓу нив се прави споредба: кој е подобар лик, кој полош, кој прави подобри дела и кој ви е најомилен од нив.
Исто така треба да ги поделите на големи и мали, односно на возрасни и деца. Во анализата наведи ги сите ликови на кои се сеќаваш во книгата: главни, споредни, добри, лоши. |
Наратор Кој е нараторот (раскажувачот) во оваа книга? Што сакал да каже и која поука да ја даде? Зошто ги измешал особините на децата и возрасните? Во оваа група одговори ги прашањата со поголемо објаснување. Пробај да им ги смениш ликовите: децата направи ги возрасни, а возрасните деца. Наброј ги заменетите ликови.
|
Изработила: Марија Лозаноска, наставничка по македонски јазик