Македонски кај Лозаноска
Часот по Македонски јазик  никогаш не бил поинтересен!
  • Почетна
    • За блогот
  • Граматика
    • Зборови во функција на подмет
  • Литература
    • Споредба (компарација)
    • Климент Охридски,просветител македонски
    • Дениција - Петре М. Андреевски
    • Т'га за југ
    • Бескрајна приказна
    • Григор Прличев
  • Правопис
    • Правопис за буквата Ј
    • Правопис за честичката за негација НЕ
    • Правопис за буквата В
    • Правилна употреба на ѐ и ѝ
    • Правопис за буквата Ф
  • Медиумска к.
    • Интервју: Технологијата во училиштето
  • Лектири
    • Белото циганче
    • Големи и мали
    • Робинзон Крусо
    • Силјан Штркот
    • Девојките на Марко
    • Калеш Анѓа
    • Бојан
    • Хаклбери Фин
    • Дневникот на Ана Франк
    • Автобиографија
    • Повикот на дивината
    • Малиот принц
    • Чорбаџи Теодос
    • Втората смена
    • Пат околу светот за 80 дена
    • Марта
    • Островот со скриеното богатство
    • Бегалка
    • Силјан Штркот
  • Воннастава
    • Слушаме на македонски
    • Добар наставник, ​не само добра техника
    • Што направивме од децата?
    • Колку сме (не)писмени?
    • 5 Мај, Денот на мак. јазик

Picture

Белешки за авторот:

Picture
   Горјан Петревски е роден на 14 јули 1951 година во село Мренога, Демир Хисар. Основно училиште завршил во родното место, а средно образование стекнал во прилепската гимназија. Студирал на Филолошкиот факултет во Скопје во групата на јужнословенска книжевност.
     Работел десетина години како новинар на Македонската Телевизија на програмата за деца, а во 1986 година преминал на работа во НИП „Нова Македонија“, каде што работел во забавникот за млади „Наш свет“, а, исто така, бил и одговорен уредник на списанието „Развигор“, како и одговоренуредник на издавачката дејност во издавачката куќа „Детска радост“.


​Организација на часот:

   Учениците ја прават анализата дома во своите тетратки по лектира, секој индивидуално, додека на училиште дискутираат надополнувајќи се. 
​     
СИТЕ ученици, покрај прашањата, треба да напишат ТЕМА, ИДЕЈА и ПОУКА за лектирата во своите тетратки и да ја прецртаат  и пополнат табелата од техниката Агли (фото долу). Објаснувањето за неа е веднаш до цртежот.

Техника Агли

Picture

Ова е дебатна техника која овозможува размена на спротивставени мислења, ставови и аргументи на одредена тема. Се поставува една претпоставка и учениците во првата колона (ЗА) пишуваат неколку мислења зошто мислат дека тоа е правилно, а во втората (ПРОТИВ) зошто не. Претпоставката за оваа лектира се наоѓа под сликата. 

​

Марта треба да остане со Борко, а не со Витан.

- претпоставка за табелата -

Подготовка за часот:

     Анализата за лектирата е поделена на следните четири дела. Секој во тетратките да запише свое мислење за нив:


​Марта:

    Марта е главниот лик од истоимената книга. Во македонското творештво за деца таа е најанилизираниот и најомилениот лик кај читателската публика. Никој не останал рамнодушен на нејзината убавина - ниту ликовите во книгата ниту читателите. Во овој дел напиши каков впечаток остави кај тебе. Како изгледала таа? Кои се нејзините родители? Дали била среќна во своите тинејџерски години или не? Какви проблеми имала и како ги доживувала? Како се извлекла од нив? Наведи кој сè биле покрај неа во тешките денови.
Picture

Picture
Picture


​Витезот:

    Еден од поглавните ликови во лектирата е Витезот. Кој е тој? Зошто е толку важен за Марта? Какви чувства предизвикал тој кај главната хероина? Зошто ја повредил, како се претставувал? Опиши го физички онака како што си го замислил, наведи дали е позитивен или негативен лик, како ја освојувал Марта. 


    Во овој дел објасни кој се Џо, Ник и Пантер, што му биле на Витезот, и како навистина се викале. Опиши ја случката (нападот) со глумата на Витез.


​Б​исера и Мартин Горски:

   Раскажи ја приказната за родителите на Марта. Дали биле заедно или не? Зошто е толку важен таткото на Марта за неа? Опиши ги двата лика и објасни според тебе за какви ликови се работи, дали се позитивни или негативни.
Picture

Picture


​Борко:

​     Кој бил Борко? Што чувствуал тој кон неа? Какво било мислењето на Марта за него и дали му возвраќала на чувствата? Наброј ги сите добра што тој ги направил за неа, дали било добро момче, опиши како изгледал и дали бил негативен или позитивен лик.

Powered by Create your own unique website with customizable templates.