Интервју: Технологијата во училиштето
- деветтоодделенците како новинари -
Технологијата во училиштата е важен фактор за модерното образование, како за наставниците, така и за учениците. Денешните генерации се израснати со паметни телефони, таблети, компјутери и секакви уреди и тој начин на функционирање им е многу близок.
Учениците од деветто одделение од ООУ „Крум Тошев“ од Скопје беа љубопитни за тоа каква е состојбата со училиштето и технологијата што ја поседува, па посакаа по часот за новинарски статии по предметот Македонски јазик да проговорат токму за тоа. Подготвија прашања за директорката на училиштетото Александра Димитриевска за општата сосотојба, го интервјуираа наставникот по Музичко образование Бојан Станковиќ како еден од вработените со најдолг стаж во училиштето, ги запрашаа останатите наставници, но и си искажаа и свои желби и мислења.

„Во нашето училиште можам да кажам дека располагаме со добра технологија. Самите знаете дека во секоја училница имаме смарт табла, прожектор и компјутер и сето тоа е поврзано за да можат наставниците полесно да ги предаваат своите наставни содржини. Имаме и пристап до интернет за сите што значи дека може полесно да истражувате и да пребарувате на интернет нови информации коишто ќе ви помогнат полесно да ги совладате наставните содржини. За разлика од други училишта што имаат потешки услови за работа, кај нас условите се и повеќе од одлични.“, одговори директорката Александра на прашањето за општата состојба за технологијата во училиштето.
Пред неколку години имаше проект „Компјутер/таблет за секое дете“ и учениците ги интересираше мислењето на директорката за тоа и дали поседувањето уред поединечно е фактор за подобрува на учењето кај учениците. „Сметам дека може да се воведе таблет, компјутер или некое мини лаптопче за секој ученик, но тоа да не биде целосно во наставата. Наставата не смее да се одвива само на компјутерите или на таблетите туку само на одредени часови каде што има истражување на интернет и собирање информации. На пример, тоа може да биде на почетокот од часот на новата лекција кога се истражува за темата, па со тоа добивате нови предзнаења за да дојдете до вистинското предавање на лекцијата. Убаво е да се поседуваат уреди за секој ученик, но на тој начин повторно вашето време ќе биде сведено само пред компјутер знаејќи го фактот дека тоа го правите постојано дома. Доколку е комбинирано со технологија и традиционална настава, тогаш е во ред.“
И покрај тоа што во секоја училица има смарт табла, сепак, за жал, не се употребува за основната намена, туку како помош на прожекторот, па учениците ги интересираше која е причината за таквата ситуација. „Се надевам дека ќе се потрудиме следната учебна година да издвоиме средства од буџетот на училиштетото за тие да се коригираат, затоа што сепак секогаш има други приоритети во текот на годината и затоа тие не дошле на ред. Не се расипани или слично, туку потребни се дополнителни финансии за да профункционираат. Оваа година имавме потреба од нови зелени табли кои, покрај за пишување, можат да служат и како магнетни табли, па на нив да се прикачуваат различни надгледни средства или изработки. Мислам дека нема ништо поубаво од тоа да се направи презентација од ваша страна со помош на усна презентација отколку да направите само power point презентација на смарт таблата.“
Новинарите имаа и свои желби, како на пример да поседуваат смарт табла којашто сама ќе им принта сè што наставникот запишал и тоа да се префрли на нивните уреди, па директорката даде мислење и за оваа нивна замисла. „Тогаш многу ќе им биде олесната работата на наставниците и уште полесно учениците ќе ги совладаат наставните содржини. Можеби не сме далеку од вакво нешто, но за сето тоа треба добри финансии и доколку училиштето ги поседува, нормално дека би сакале да ја имаме најсовремената технологија со која што ќе бидеме во чекор со светските трендови.“
Директорката Александра проговори и за технологијата за предметите од природните науки за којашто учениците исто така беа љубопитни. „Нашето училипште има наставни помагала по сите предмети како Биологија, Хемија, Физика и сите тие се сместени во посебни шкафови. Ние немаме кабинетска настава за тие да бидат изложени во училницата и затоа мора да бидат соодветно згрижени како што се микроскопите и слично.“

Но, технологијата во училиштето не била отсекогаш присутна како во ова ново време. Од подрачно училиште прераснало во засебна установа која може да се пофали со бројни технолошки помагала. И, за тоа како било порано, а како денес, учениците го запрашаа наставникот по Музичко образование Бојан Станковиќ кој работи таму уште од осумдесеттите години од минатиот век. „Се сеќавам дека ние наставниците физички помагавме околу дотерување на училиштето и тогаш беше многу поразлично од сега. Првите компјутери не изгледаа воопшто вака, беа многу поголеми, не толку функционални и брзи. Сметам дека последните десетина години или повеќе имаме помодерни компјутери во училиштето и ние наставниците дури одевме и на обуки за да знаеме да ги користиме соодветно. Тогаш не ни поседувавме принтери како денес, еден печатач беше апстрактна именка. Немавме ни клими, а денес имаме во неколку простории кои што најмногу имаат потреба од ладење, додека смарт таблите донесени се пред пет години.“ Го запрашаа и за тоа на кој уред порано му се радувал најмногу затоа што се појавил во училиштето, а денес е најнормален предмет од секојдневието. „Се сеќавам дека најпрво добивме грамофон, а понатаму се појави и касетофонот, па цеде плеерите и тие во тоа време беа многу нова и популарна појава. Денес тие се застарени и скоро и да не се користат воопшто затоа што нив ги замени Јутуб.“
Предметот по Музичко образование може да биде многу позабавен доколку има соодветна технологија за сооздавање нова музика, па го запрашаа дали смета дека со таа технологија ќе може и учениците да компонираат на училиште. „Да, и тоа како со користење на компјутер во наставата може да се компонира затоа што има разни програми за тоа. Има такви што може интонативно да ја наместат песната, да ја кренат за полустепен погоре или подолу. Некои програми се толку паметни што можат да направат нов хит користејќи познати хитови од последните пет години, иако јас не сум за тоа затоа што се одзема креативноста на човекот. Сепак, убаво би било вие на часовите да имате некое такво слично помагало за да искусите како е да се компонира.“
Во училиштето беа интервјуирани и останатите наставници за тоа која технологија им е од најголема корист, што им помага за различни часови и дали сметаат дека со најновите изуми ќе биде подобар часот или дека треба да се задржи и традиционалната настава. Одговорите беа различни затоа што и секој предмет е различен и си бара поинаков пристап. По предметот Математика се користи геогебрата, на Македонски помага Јутуб за слушање на правилно читање и истражување на автори, по странските јазици како Англиски и Француски неминовни се вежбите од интернет како квизовите, а технологијата може да помогне и по предметот по Физичка култура за да се истражат различни начини за тоа како да си ја подобрите физичката активност и општо спортот.
Учениците разговараа меѓусебно за тоа што сакаат да поседуваат во училиштето и имаше најразлични желби, меѓу кои да работи повторно разгласот кој порано функционирал низ звучниците кои сè уште постојат во некои училници, да може ѕвончето само да ѕвони и да биде поврзано со некоја програма, интернетот да е најбрз, да се намали пишувањето и повеќе да се печати, можеби да се исфрлат кредата и сунѓерот и да се работи повеќе со стискање само на едно копче итн.
Секако, се дојде и до заклучок дека учениците не смее да се пречесто во допир со технологија и уредите затоа што традиционалната настава како рачно пишување и цртање, читање од книга, разговарање во живо, усно излагање со еден лист хартија пред себе е неминовно за формирање на една млада личност. На тој начин се подобрува размислувањето, креативноста и моториката.
Деветтоодделенците беа задоволни од пристапот на вработените во училиштето и нивните изјави и за тоа дека прифатија да одговорат и несебично да споделат за технологогијатга во училиштето. Изјавите беа земани со помош на снимач на звук од своите телефони како вистински новинари. Ова е уште еден доказ дека љубопитноста е една од најголемите создавачи на новитетите на овој свет.

*Интервјуто е направено од учениците од деветто одделение од ООУ „Крум Тошев“, Скопје за часот по медиумска писменост - изготвување новинарска статија по предметот Македонски јазик.
*Уредник и помагач на ова новинарско искуство - Марија Лозаноска, наставник по Македонски јазик
*Уредник и помагач на ова новинарско искуство - Марија Лозаноска, наставник по Македонски јазик
Учебна 2024/2025 година, Скопје