Македонски кај Лозаноска
Часот по Македонски јазик  никогаш не бил поинтересен!
  • Почетна
    • За блогот
  • Граматика
    • Зборови во функција на подмет
  • Литература
    • Споредба (компарација)
    • Климент Охридски,просветител македонски
    • Дениција - Петре М. Андреевски
    • Т'га за југ
    • Бескрајна приказна
    • Григор Прличев
  • Правопис
    • Правопис за буквата Ј
    • Правопис за честичката за негација НЕ
    • Правопис за буквата В
    • Правилна употреба на ѐ и ѝ
    • Правопис за буквата Ф
  • Медиумска к.
    • Интервју: Технологијата во училиштето
  • Лектири
    • Белото циганче
    • Големи и мали
    • Робинзон Крусо
    • Силјан Штркот
    • Девојките на Марко
    • Калеш Анѓа
    • Бојан
    • Хаклбери Фин
    • Дневникот на Ана Франк
    • Автобиографија
    • Повикот на дивината
    • Малиот принц
    • Чорбаџи Теодос
    • Втората смена
    • Пат околу светот за 80 дена
    • Марта
    • Островот со скриеното богатство
    • Бегалка
    • Силјан Штркот
  • Воннастава
    • Слушаме на македонски
    • Добар наставник, ​не само добра техника
    • Што направивме од децата?
    • Колку сме (не)писмени?
    • 5 Мај, Денот на мак. јазик

Picture

Дениција
Петре М. Андреевски

Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот.

Кога ја љубев Дениција,
како да му пронајдував брзина и на каменот,
како да ја одделував душата од телото,
како да го палев барутот,
на тилот од смилот и трендафилот.

Кога ја љубев Дениција,
како да внесував летен воздух во воздухот зимен,
како да ги откривав сите рудници на злато,
како да добивав телефонска врска со сонот
од сите успани работници.

Оти ја љубев Дениција,
како што ги отворав пролетните аптеки,
сместени во гласот од славејот,
како што славејот ги спријателуваше
небото и земјата,
како што таа ми ја одземаше тежината,
додека трчав кон неа,
како што не можев да видам ништо освен неа,
како што таа живееше додека јас умирав,
како што и јас не знеав како би умрел,
ако таа не се родеше.

​
Во продолжение е креативно видео со читање на песната „Дениција“ од Петре М. Андреевски.
Powered by Create your own unique website with customizable templates.